• среда, 17 јули 2024

Без вода дел од Општина Центар

Без вода дел од Општина Центар

Скопје, 1 август 2023 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација – Скопје известува дека денеска, поради менување затворач на водоводна мрежа во објектот на АД „Просветно Дело“, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улицата „Даме Груев“ и дел од улицата „Кирил и Методиј“, во општина Центар.

Поради отстранување дефект на водоводната мрежа на улица „Славеј Планина“ бб, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица и дел од улицата „Јоаким Крчовски“, вклучително и објектите на амбасадите на Република Албанија и Република Турција, во општина Центар. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан