Без вода дел од општина Аеродром, од Универзитетот „Американ колеџ“ - Скопје до „Еуроимпекс“
- Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Трета македонска бригада“, на потегот од Универзитетот „Американ колеџ“ - Скопје до компанијата „Еуроимпекс“.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Трета македонска бригада“, на потегот од Универзитетот „Американ колеџ“ - Скопје до компанијата „Еуроимпекс“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок за автосервис Флојд на булевар „Трета македонска бригада“ без број.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. мд/са/
Фото: МИА архива