Без вода дел од населбата Пинтија
- Поради дефект на улица „Јабланица“ 54, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Пинтија, односно корисниците кои се поврзани на старата водоводна линија.

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Поради дефект на улица „Јабланица“ 54, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Пинтија, односно корисниците кои се поврзани на старата водоводна линија.
ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:10 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива