Без вода дел од корисниците од населба Инџиково
- ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска прекин во водоснабдувањето од 11:45 часот ќе имаат дел од корисниците од населба Инџиково.

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска прекин во водоснабдувањето од 11:45 часот ќе имаат дел од корисниците од населба Инџиково.
Прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 2 на улица „Маџари 2“ бр.111 населба Маџари. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на дефектот. цр/дма/
Фото:МИА архива