Без вода утре дел од корисниците на булевар „АСНОМ“
- Без вода утре ќе бидат корисниците од парните броеви на булеварот Асном во Скопје.

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Без вода утре ќе бидат корисниците од парните броеви на булеварот „АСНОМ“ во Скопје.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, причина за прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф100мм.на булеварот Асном 170 спротив ФФМ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на дефектот. бт/нд/
Фото: МИА Архива