Без вода дел од Драчево
- Прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од улиците „Сердарот“, „Речиште“, „Китка“, „Јустинијан Први“.

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Без вода за пиење остана дел од Драчево поради дефект на улична цевка, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од улиците „Сердарот“, „Речиште“, „Китка“, „Јустинијан Први“.
Водоснабдувањето, како што се појаснува во соопштението, е прекинато од 12 часот. Прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата. бд/са/
Фото: МИА архива