• четврток, 26 март 2026

Без вода дел од булеварот „Партизански одреди“

Без вода дел од булеварот „Партизански одреди“

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Без вода во моментов се корисниците од кула број 8 на булевар „Партизански одреди“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Станувало збор за дефект во шахта за паркови и зеленило. Водоснабдувањето ќе биде прекинато, како што се додава во соопштението, до завршување со работните активности. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан