Без вода делови од Ченто
- Прекинато водоснабдување денеска од 12:45 часот имаат корисниците од улицата „Христофор Жефаровиќ“ во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.

Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска од 12:45 часот имаат корисниците од улицата „Христофор Жефаровиќ“ во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на затворач на улица „Христофор Жефаровиќ“ број 7 и ќе трае до завршување со санација на дефектот. рп/сп/