Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница
- Поради санација на дефект на водоводна мрежа, без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општина Чаир, вклучително и Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“.

Скопје, 13 април 2025 (МИА) - Поради санација на дефект на водоводна мрежа, без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општина Чаир, вклучително и Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Неџат Аголи“, „Коста Абрашевиќ“ и „Кримска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе таре до санирање на дефектот на водоводна мрежа, на крстосницата помеѓу улиците „Неџат Аголи“ и „Коста Абрашевиќ“. хс/лв/
Фото: МИА архива