Без вода булевар „Македонска Косовска Бригада“ и „Балкан Универзитет“
- Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците од булевар „Македонска Косовска Бригада“ и „Балкан Универзитет“.
Скопје, 2 јули 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците од булевар „Македонска Косовска Бригада“ и „Балкан Универзитет“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна водоводна цевка од Ф 3/4” на бул.„Македонска Косовска Бригада“ крак 3 бр.74.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. дма/
Фото: МИА архива