• среда, 26 јуни 2024

Бегај на сребата со Штајнмаер се заложил за блиска регионална соработка каде европската иднина ќе биде водилка за заедничката подобра иднина

Бегај на сребата со Штајнмаер се заложил за блиска регионална соработка каде европската иднина ќе биде водилка за заедничката подобра иднина

Тирана, 19 јуни 2024 (МИА) - Билатералната соработка, интеграцијата на Албанија во Европската унија, случувањата во регионот, спроведувањето на агендата на Берлинскиот процес во Западен Балкан, како и безбедносните и одбранбените прашања беа во фокусот на разговорот меѓу албанскиот претседателот Бајрам Бегај и неговиот домаќин, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, јави АТА.

Во однос на случувањата во регионот, претседателот Бегај рекол дека улогата и посветеноста на Германија остануваат важна и незаменлива за предизвиците со кои се соочува Западен Балкан за да не влијаат или да ја компромитираат евроатлантската иднина.

Во контекст на војната во Украина и влијанието на трети актери, претседателот Бегај оценил дека е потребна „блиска регионална соработка каде европската иднина ќе биде водилка за заедничката иднина во мир, безбедност и просперитет“.

-Берлинскиот процес, останува иновативен и незаменлив механизам за зајакнување на соработката, економската интеграција на регионот и интеграцијата со единствениот европски пазар, како и моќен поттик за процесот на интеграција во ЕУ. Ја потврдувам целосната и континуирана посветеност на Албанија, на оваа иницијатива, и секако ја ценам посветеноста на Германија, посочил Бегај.

Шефот на албанската државата на оваа средба добил целосна поддршка и гаранција дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Албанија на патот кон членство во Европската унија и во оваа прилика на претседателот Штајнмаер му изразил „искрена благодарност за гласната политичка и јавна поддршка, како и помошта дадена во оваа насока“.

Ја пренел својата благодарност до претседателот Штајнмаер за неговиот придонес во зајакнувањето на односите и партнерството меѓу двете земји-сојузници во НАТО кои споделуваат заеднички европски вредности а двајцата претседатели како одлични ги оцениле билатералните односи.

Германскиот претседател Штајнмаер во официјална посета на Албанија престојуваше во декември 2022 година. вт/
Фото: Кабинет на Бегај

Остани поврзан