• четврток, 25 април 2024

Бегај му честита на Ердоган: Партнерството и братското пријателство меѓу Албанија и Турција дополнително ќе расте

Бегај му честита на Ердоган: Партнерството и братското пријателство меѓу Албанија и Турција дополнително ќе расте

Тирана, 29 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај синоќа му честиташе на Реџеп Таип Ердоган, кој беше реизбран за претседател на Турција, функција на која се наоѓа од 2014 година.

- Срдечни честитки Реџеп Тајип Ердоган за вашиот реизбор! Партнерството и братското пријателство меѓу Албанија и Турција ќе продолжи и ќе расте понатаму,  напиша Бегај на социјалните мрежи.

Претходно победата на Ердоган му ја честиташе и премиерот Еди Рама.

– Честитки за победата господине претседателе, напиша Рама на Фејсбук. 

Честитки до претседателот Ердоган упатија и лидери на политички партии. вт/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан