• петок, 05 декември 2025

Бегалскиот камп Ал Рукбан во Сирија речиси целосно испразнет

Бегалскиот камп Ал Рукбан во Сирија речиси целосно испразнет

Дамаск, 7 јуни 2025 (МИА) - Поголемиот дел од бегалците во сирискиот камп Ал Рукбан го напуштиле кампот по повеќе од десет години во екстремно тешки услови, јави ДПА повикувајќи се на Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Кампот, лоциран во пустинскиот југ на Сирија, близу до границата со Ирак и Јордан, беше формиран во 2015 година и бил дом на десетици илјади луѓе, претежно бегалци од подрачјата под контрола на опозицијата на претседателот Башар ал-Асад.

Во 2016 година, населението во кампот достигна до 90.000 лица, но со годините бројот се намалувал, делумно поради блокадата на доставата на храна и лекови од силите лојални на Асад.

Повеќето семејства се вратиле во родните села во провинциите Хомс и Дамаск, изјави Рами Абдел Рахман, директор на Центарот. Последните семејства, кои го напуштиле логорот вчера, пристигнале во градот Ал Кариатајн во провинцијата Хомс.

Останале само околу 25 семејства, главно сточари без алтернатива, соопшти организацијата. ссм/

фото: 

Остани поврзан