Бајден ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19
- Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска пред камери ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 на производителот Фајзер и БиоНтек

Вашингтон, 11 јануари 2021 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска пред камери ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 на производителот Фајзер и БиоНтек.
- Мој прв приотитет е вакцината да ја примат луѓето што побрзо, посочи Бајден.
Тој првата доза од вакцината ја прими на 21 декември, исто така пред камери и тогаш ги повика граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.
Во САД повеќе од 374.000 луѓе починаа од последици од новиот коронавирус. ми/