• сабота, 11 мај 2024

Бајден пристигна во Саудиска Арабија, прва средба со престолонаследникот Бин Салман

Бајден пристигна во Саудиска Арабија, прва средба со престолонаследникот Бин Салман
Џеда, 15 јули 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска пристигна во Саудиска Арабија, се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Како што јавија сгтранските агенции, двајцата државници се поздравиле со стиснати тупаници. Првата средба меѓу Бајден и Бин Салман се одржа во палатата на саудиското кралско семејство во западниот град Џеда и беше кратка. За време на кампањата за претседателските избори во Соединетите Американски Држави во 2020 година, демократот ја нападна Саудиска Арабија, а особено моќниот престолонаследник, поради убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги две години претходно. Бајден вети дека кралството ќе го направи „паријанска земја“, но по почетокот на војната во Украина, која предизвика силен скок на цените на енергијата, тој одлучи да даде нов почеток на односите со најголемиот светски извозник на сурова нафта. По неговата средба со саудискиот престолонаследник, кој се смета за лидер на земјата, американскиот претседател беше примен од кралот Салман бин Абдулазиз. Програмата на Бајден потоа предвидува средба со поширок круг претставници на саудиските власти, вклучувајќи го уште еднаш престолонаследникот Бин Салман. Американските власти најавија дека претседателот Бајден ќе го покрене прашањето за човековите права, една од причините за заладените односи меѓу Вашингтон и Ријад. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан