• петок, 05 декември 2025

Бајден подложен на терапија со зрачење и хормонска терапија

Бајден подложен на терапија со зрачење и хормонска терапија

Вашингтон, 11 октомври 2025 (МИА) – Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден минува низ нова фаза на лекување на агресивен облик на рак со терапија со зрачење и хормонска терапија, соопшти денеска неговиот портпарол.

- Во рамките на планот за лекување на рак на простата, претседателот Бајден моментално прима терапија со зрачење и хормонска терапија, наведе портпаролот на поранешниот претседател на САД, пренесува Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

Се очекува терапијата со зрачење да трае пет недели и претставува нова фаза во неговото лекување, додаде портпаролот. Поранешниот претседател веќе прима хормонска терапија во форма на таблети.

Минатиот месец, Бајден беше подложен на третман на рак на кожа познат како Мохсова операција. Голем завој на неговото чело беше видлив за време на неговите јавни појавувања во тој период.

Поранешниот претседател на САД во мај соопшти дека му е дијагностициран агресивен облик на рак на простата кој се проширил на коските. Неговиот кабинет тогаш соопшти дека разгледува неколку опции за лекување. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан