• четврток, 30 мај 2024

Бајден повика Конресот да ја усвои помошта за Украина

Бајден повика Конресот да ја усвои помошта за Украина

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) Претседателот на САД Џо Бајден повика Претставничкиот дом веднаш да го стави на гласање финансирањето за воена помош на Украина и Израел, веќе речиси два месеца усвоено од Сенатот. Тој ова го повика синоќа за време на средбата со чешкиот премиер Петр Фиала во својот кабинет во Белата куќа.

Целта на Бајден е да ги истакне напорите што другите нации ги прават за поддршка на Украина.

Неговите коментари уследија по најавата на чешката влада дека испраќа еден милион парчиња артилериска муниција во Украина, за која Киев вели дека е многу потребна на воениот фронт а против Русија.

-Како што се сеќава Чешка, Русија нема да застане со Украина, рече Бајден.

Тој апелираше до Конгресот да го усвои дополнителното финансирање за да може САД да го сторат својот дел за помош на Украина во одбраната од руската инвазија. бк/

Остани поврзан