• петок, 05 декември 2025

Бајден побара сериозно разгледување на продажбата на американските челичарници на јапонска компанија  

Бајден побара сериозно разгледување на продажбата на американските челичарници на јапонска компанија  

Вашингтон, 22 декември 2023 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден смета дека планираната продажба на американската челичарница-гигант U.S. Steel на јапонската компанија Nippon Steel, бара „сериозно разгледување“, соопштија синоќа од Белата куќа. 

Лаел Брејнард, директор на Националниот економски совет, во изјавата истакна дека, според мислење на претседателот, „купувањето на таа позната американска компанија од странска структура, макар тоа било блиска земја сојузничка, заслужува сериозно разгледување од гледна точка на потенцијално винани на националната безбедност и сигурност на ланецот на снабдување“. 

Според условите на зделката вредна 14.1 милијарда долари, за што беше објавено на почетокот на неделава, U.S. Steel ќе стане подружница на Nippon Steel. кб/ссм/

фото: архива

Остани поврзан