Бајден и папата Франциск телефонски разговараа за ситуацијата во Израел и Газа
- Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со папата Франциск за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа.

Вашингтон, 22 октомври 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со папата Франциск за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Двајцата разговараа за неопходноста да се спречи ескалација во регионот и да се работи за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, соопшти Белата куќа.
Претходно, Ватикан соопшти дека разговорот, кој траел околу 20 минути, „се фокусирал на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир“.
Белата куќа соопшти дека Бајден телефонски разговарал за ова прашање и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. паг/
Фото: МИА архива