• среда, 15 мај 2024

Бајден до американскиот тим пред СП: Знам дека сте аутсајдери, но тимот има некои од најдобрите фудбалери во светот, па да ги изненадиме сите

Бајден до американскиот тим пред СП: Знам дека сте аутсајдери, но тимот има некои од најдобрите фудбалери во светот, па да ги изненадиме сите
Вашингтон, 20 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден одржа мотивациски говор пред фудбалската репрезентација пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. -Момци, знам дека сте аутсајдери. Ќе ви кажам што, имате некои од најдобрите играчи во светот, ја претставувате оваа земја и знам дека ќе играте со цело срце, па да ги изненадиме сите. Продолжете да верувате еден на друг, играјте колку што можете и знајте дека вашите семејства, вашите другари и целата земја стојат покрај вас, рече Џо Бајден. Тимот на САД во групната фаза на Светското првенство ќе игра со селекциите на Англија, Иран и Велс. Американците својот прв дуел на Мундијалот во Катар ќе го имаат утревечер од 20 часот против селекцијата на Велс. зс/

Остани поврзан