• петок, 22 ноември 2024

Бајден: Демократијата ширум светот е во поголема опасност од кога било од Втората светска војна

Бајден: Демократијата ширум светот е во поголема опасност од кога било од Втората светска војна

Вашингтон, 6 јуни 2024 (МИА) - Демократијата е повеќе под закана сега отколку кога било во изминатите осум децении, рече американскиот претседател Џо Бајден на церемонијата во Франција по повод одбележувањето на Денот Д.

-Живееме во време кога демократијата е повеќе загрозена ширум светот отколку во кој било момент од крајот на Втората светска војна. Изолационизмот не беше одговорот пред 80 години и не е одговор денес, нагласи денеска тој во францускиот град Колевил-сур-Мер. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан