• недела, 22 декември 2024

Бајден: Ги повикувам законодавците републиканци да го исполнат својот долг за заштита на американскиот народ 

Бајден: Ги повикувам законодавците републиканци да го исполнат својот долг за заштита на американскиот народ 

Вашингтон, 27 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази сочувство за жртвите од „уште една бесмислена и трагична масовна стрелба“, што се случи во градот Луистон, во сојузната држава Мејн, и ги повика жителите од регионот да ги почитуваат предупредувањата на локалните власти. 

Во претседатското соопштение објавено синоќа од Белата куќа се наведува дека многубројни службеници на федералните органи за безбедност се наоѓаат на местото на настанот и активно работат со партнерите од државно ниво и на повеќе места за да го задржат осомниченоит Роберт Кард. 

Бајден соопшто дека порачал администрацијата да направи сѐ што треба за подршка на жителите на Мејн. 

-За многу Американци кои преживеале насилство со примена на огнено оружје и повредените од него, таквите пукања повторно откриваат длабоки и болни рани, истакна претседателот. 

Рече дека премногу Американци денес имаат свои блиски кои се убиени или ранети како резултат на насилство со примена на оружје. 

-Тоа е ненормално, и не треба да го прифатиме, се додава во соопштението на Бајден. 

Бајден истакна дека и покрај прогресот со донесувањето на двопартискиот закон „За побезбедни заедници“ дваесетина претседателски укази и создадениот Оддел за запирање на оруженото насилство во Белата куќа, „тоа е едноставно недоволно“. 

-Денеска, по уште една трагедија, ги повикувам законодавците републиканци во Конгресот да го исполнат својот долг за заштита на американскиот народ, повика Бајден. 

-Неопходно е да донесеме заеднички нацрт закон за забрана на јуришно оружје и касети со голем капацитет, за воведување општи проверки на личните податоци, за неопходоста од безбедно чување на оружјето и за укинување на имунитет од одговорност за произведувачите на оружје, изјави Бајден. кб/ сд/

Остани поврзан