Бајден бара пакет помош од 105 милијарди долари за Украина, Израел и за безбедност на границата
- Барањето на претседателот Бајден за финансирање доаѓа неколку дена откако тој го посети Израел и вети солидарност
Вашингтон, 20 октомври 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска побара огромен безбедносен пакет од 105 милијарди долари меѓу кои - 61 милијарда долари воена помош за Украина и 14 милијарди долари за Израел како и за гранична безбедност, но парализата во Конгресот значи дека тоа нема да биде лесно, јавија американските медиуми.
„Светот гледа и американскиот народ со право очекува нивните лидери да се соберат и да ги исполнат тие приоритети“, рече директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг во писмото до Конгресот.
Барањето на претседателот Бајден за финансирање доаѓа неколку дена откако тој го посети Израел и вети солидарност додека земјата ја бомбардира Газа по нападот на Хамас во кој загинаа 1.400 луѓе во јужен Израел. зш/
фот ЕПА