• сабота, 18 мај 2024

Батлер се изедначи со Леброн по остварени „трипл-дабл“ во Мајами

Батлер се изедначи со Леброн по остварени „трипл-дабл“ во Мајами
Мајами, 18 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Мајами, Џими Батлер, постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот против Торонто (104:99). Батлер за 36 минути постигна 19 поени, 10 скока и 10 асистенции. Ова беше деветти троен ефект за Батлер настапувајќи за Хит. Тој се израмни со поранешната ѕвезда на Мајами, Леброн Џејмс достигнувајќи го клупскиот рекорд во натпреварите од регуларниот дел од сезоната. Тимот од Флорида по 44 натпревари има 28 победи, и 16 порази за во моментов второ место во Источната конференција. зс/

Остани поврзан