• сабота, 11 мај 2024

Батлер прогласен за МВП на финалето на Источната конференција

Батлер прогласен за МВП на финалето на Источната конференција

Бостон, 30 мај 2023 (МИА) – Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер е прогласен за МВП на полуфиналето на НБА-лигата.

 

Во финалето на Источната конференција против Бостон (4-3), Батлер имаше просек од 24,7 поени, 7,6 скока и 6,7 асистенции. Шутот од поле му беше со прецизност од 42 проценти.

 

Триесет и тригодишниот Батлер во борбата за МВП титулата го престигна соиграчот Кејлеб Мартин - доби 5 од 9 гласови на медиумите.

 

Мајами ќе се соочи со Денвер во финалето на НБА-лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан