• петок, 22 ноември 2024

Бартомеу призна зошто го отпуштил Валверде

Бартомеу призна зошто го отпуштил Валверде
Барселона, 14 јанаури 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу откри дека постои посебна клаузула во договорот на новиот ментор на тимот, Кике Сетиен, според која може да биде ослободен порано. Шефот на Каталонците ги објасни и причините за разрешувањето на Ернесто Валверде. - Сетиен има договор до 2022 година, но бидејќи има избори во 2021 година, ние вклучивме клаузула според која новиот претседател може да го ослободи тогаш. Ќе ви кажам зошто го сменив тренерот. Знаевме дека динамиката на тимот не е најдобра можна, иако резултатите беа многу добри. Ние, извршните директори, сметаме дека динамиката може да се развие. Ова му го кажавме на Валверде. Со него постојано разговаравме од летото, откако оформивме многу блиска врска со голема соработка. Сепак, во последниве денови разговаравме со него дека работите би можеле да бидат подобри. Ние ја направивме промената сега затоа што сме во средина на сезоната и ни требаше интензитет. Со овој момент и нов моментум, се надеваме дека ќе ги освоиме Ла Лига, Купот и Лигата на шампионите. Се разбира, посакував работите да завршеа на друг начин, изјави шефот. Тој призна дека во последните недели и месеци разговарале и со други тренери. - Како што знаете, овие работи не излегоа во јавноста. Работата беше завршена, па дојде моментот за промена. Ништо не се откри како информација, но едно име се појави пред неколку дена. Жал ни е за Ернесто, но долго време разговаравме со него за ова. Долго разговаравме со различни тренери, но ништо не излезе во јавноста. На крајот се појави име, што не требаше да се случи, затоа што разговорите беа лични, но се случи, откри Бартомеу.

Остани поврзан