• петок, 15 ноември 2024

Бартомеу: Мора да му го обновиме договорот на Меси, Лео ми рече дека сака да ја заврши кариерата во Барса

Бартомеу: Мора да му го обновиме договорот на Меси, Лео ми рече дека сака да ја заврши кариерата во Барса
Барселона, 7 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу, зборуваше за иднината на капитенот на тимот, Лионел Меси. - Неговиот договор истекува во 2021 година. Ние не објаснуваме такви работи, но обврзани сме да му го обновиме. Последен пат разговаравме во саботата. Разговарам со играчите за да разберам во каква состојба се наоѓаат, и ние се соочуваме со многу проблеми. Исто така ги охрабрувам, да речеме да не се откажуваат, ги потсетувам дека тие се во можност да се натпреваруваат. Гледам дека Меси е мирен. Тој сака да ја заврши кариерата во Барса и ми кажа за тоа, соопшти Бартомеу. Претходно, имаше информации дека каталонскиот клуб сака да ја намали платата на Меси. Бартомеу го извести играчот за ова, а Лео не е задоволен од оваа одлука. зс/

Остани поврзан