• петок, 15 ноември 2024

Барселона потврди, Бартомеу ја напушта претседателската функција во клубот

Барселона потврди, Бартомеу ја напушта претседателската функција во клубот
Барселона, 28 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу се повлекува од функцијата, соопшти синоќа прес-службата на каталонскиот клуб. Причината за оставката се лошите спортски резултати и економската состојба на клубот. Гласањето на недоверба на Бартомеу собра повеќе од 16 илјади потписи. Претходно, власта на Каталонија го одби барањето на управата на клубот да одржи референдум за да се изгласа недоверба на претседателот на Барселона, Бартомеу. Настанот требаше да се одржи на 1-2 ноември, сепак, поради оставка на управата на клубот, нови избори ќе се одржат во рок од околу 40 дена. зс/

Остани поврзан