• петок, 05 декември 2025

Барселона не успеа да го пријави Кунде за натпреварот со Сосиедад

Барселона не успеа да го пријави Кунде за натпреварот со Сосиедад
Барселона, 21 август 2022 (МИА) - Барселона не успеа да го пријави дефанзивецот Жил Кунде за второто коло од шампионатот на Шпанија, објави „ЕСПН“. Каталонците не можеа да го пријават новајлијата, купен за 55 милиони евра од Севилја, во составот за неделниот натпревар од второто коло на шампионатот на Шпанија со Реал Сосиедад. На 28 јули Барселона на својата веб-страница објави дека постигнала начелен договор со Севилја за трансферот на Кунде. Минатата сезона Кунде одигра 44 натпревари за Севилја, постигнувајќи три гола и една асистенција. Барселона вечер од 22 часот му гостува на Реал Сосиедад во 2.коло на Ла лига. зс/

Остани поврзан