• среда, 03 јули 2024

Барселона нема постигнато гол на гости против Хетафе четири години по ред

Барселона нема постигнато  гол на гости против Хетафе четири години по ред

Хетафе, 14 август 2023 (МИА) - Хетафе четири сезони по ред ја спречува Барселона да постигне гол на својот стадион. Екипите синоќа одиграа 0:0 во 1. коло од Ла Лига.

 

Каталонците немаат постигнато гол на „Колосеум Алфонсо Перез“ цели четири години. На претходните два меча исто така беше 0:0, а во сезоната 2020/21 победи Хетафе со резултат 1:0.

 

Последен пат кога Барселона не успеа да постигне гол против еден противник на гости четири години по ред беше во 1970-тите на средбите со Саламанка. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан