• недела, 22 декември 2024

Барселона му понуди на Киеза договор до 2027 година

Барселона му понуди на Киеза договор до 2027 година

Барселона, 24 август 2024 (МИА) - Барселона договори соработка со напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза.

Оваа информација ја објави новинарот Николо Шира. Според него, Каталонците се подготвени да потпишат договор со играчот до 2027 година со плата од четири милиони евра плус исплати на бонус од два милиона.

Барса на торинскиот тим му понуди 10+3 милиони евра за трансферот на 26-годишниот напаѓач.

Киеза игра за Јувентус од октомври 2020 година. Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна 10 гола и три асистенции на 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на Италијанецот со торинскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2025 година. 

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 35 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан