• четврток, 16 мај 2024

Барселона купува холандски репрезентативец по препорака на Роналд Куман

Барселона купува холандски репрезентативец по препорака на Роналд Куман

Барселона, 16 март 2024 (МИА) - Барселона се уште бара долгорочна замена за Серхио Бускетс ова лето, или барем некој што ќе игра на истата позиција, но тоа да го направат со мал буџет не е лесна задача за Каталонците. 

Играчот од средниот ред на Евертон, Амаду Онана е именуван како приоритет на спортскиот директор Деко, но изгледа дека тој ќе биде надвор од нивниот ценовен опсег. Друго име што се споменува е играчот од средниот ред на Феенорд, Матс Вифер, кој е партнер на Френки де Јонг во средината на теренот во холандската репрезентација.

Тренерот на „лалињата“ и поранешен тренер на Барса, Роналд Куман, им предложил на „Блаугранас“ да го ангажираат Вифер и порачал дека тој ќе заврши одлична работа во средниот ред за каталонскиот гигант.

Според медиумите во Шпанија, Деко се консултирал со поранешниот менаџер на Феенорд, Џовани ван Бронкхорст за Вифер и добил позитивен фидбек за 24-годишниот фудбалер. Цената барана за неговите услуги може да биде околу 25 милиони евра, што е многу поприфатливо од другите опции на пазарот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан