• понеделник, 23 декември 2024

Барселона забранети на својот стадион внесување знамињата на Израел и Палестина и симболи поврзани со конфликтот

Барселона забранети на својот стадион внесување знамињата на Израел и Палестина и симболи поврзани со конфликтот

Барселона, 21 октомври 2023 (МИА) - Израелските и палестинските знамиња се забранети на домашните натпревари на шпанскиот фудбалски клуб Барселона.

Каталонскиот клуб за ова ги информираше навивачите преку канали за внатрешна комуникација. 

Полицијата на Барселона оваа мерка ја означи како „задолжителна“ од страна на клубот.

Во текстот испратен до навивачките групи се наведува дека „секакви симболи, банери, текстови и други елементи кои се однесуваат или можат да бидат поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, како и самите израелски и палестински знамиња се забранети на стадионот „Камп ноу“. 

Барселона утревечер од 21 часот ќе биде домаќин на Атлетик Билбао во натпревар од 10. коло на Ла Лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан