• петок, 05 декември 2025

Барселона го промовираше 13-годишниот Мохамед Дабоне во главниот состав

Барселона го промовираше 13-годишниот Мохамед Дабоне во главниот состав

Барселона, 13 август 2025 (МИА) - Мохамед Дабоне, кој веќе стана познат на социјалните мрежи и е наречен мешавина од Виктор Вембањама и Јанис Антетокунмпо, ќе биде промовиран во главниот состав на Барселона следната сезона.

Според „Sport.es“, 13-годишното момче родено во Буркина Фасо, високо 210 см, ќе се приклучи на главниот состав на каталонскиот гигант заедно со 17-годишниот центар Сион Кеита, кој е висок 212 см.

Барселона сака Мохамед Дабоне и Сион Кеита да играат важна улога следната сезона, а тие ќе почнат да работат со остатокот од составот, пишува изданието.

Двајцата кошаркари учествуваа на овогодинешниот младински турнир во Евролигата во Абу Даби. Дабоне, натпреварувајќи се против многу постари противници, имаше просек од 12,0 поени, 7,3 скока и 1,3 блокади по натпревар. зс/

Фото: euroleaguebasketball.net/

Остани поврзан