Барселона го продолжи договорот со Кунде до 2030 година
- Барселона го објави продолжувањето на договорот со дефанзивецот Жил Кунде.
Барселона, 16 август 2025 (МИА) - Барселона го објави продолжувањето на договорот со дефанзивецот Жил Кунде.
Новиот договор на 26-годишниот фудбалер со „блауграната“ важи до јуни 2030 година. Претходниот договор беше важечки до јуни 2027 година.
Кунде се пресели во Барселона од Севиља во 2022 година. Тој одигра 141 натпревар за Каталонците во сите натпреварувања, постигна седум гола и имаше 18 асистенции.
Со Барса, дефанзивецот двапати ја освои Ла Лига, двапати Купот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија. зс/
Фото: ЕПА