• среда, 17 јули 2024

Барселона го претрпе третиот последователен пораз во Евролигата

Барселона го претрпе третиот последователен пораз во Евролигата
Тел Авив, 15 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарите на Барселона синоќа загубија на гостувањето во Тел Авив кај Макаби и ја продолжија серијата порази. Во дербито на 19.коло од елитното кошаркарски натпреварување, во меч со мал број поени ЦСКА Москва беше поуспешна од Реал Мадрид. Резултати: ЦСКА Москва – Реал Мадрид 60:55 Химки – Валенсија 75:84 Анадолу Ефес – Милано 88:68 Фенербахче – Лион 86:64 Олимпијакос – Алба Берлин 86:93 Макаби – Барселона 92:85. Вечер играат: Зенит – Басконија Црвена ѕвезда – Жалгирис Панатинаикос – Баерн. Во горниот дел на табелата се Анадолу Ефес со биланс 16-3 (победи-порази), Реал Мадрид 15-4, Макаби 13-6, ЦСКА Москва 13-6 и Барселона 13-6. зс/

Остани поврзан