• сабота, 10 август 2024

Барселона го објави трансферот на Олмо од Лајпциг

Барселона го објави трансферот на Олмо од Лајпциг

Барселона, 9 август 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Дани Олмо стана играч на Барселона, објави официјалниот сајт на каталонскиот тим.

Договорот на 26-годишниот фудбалер со Блауграна е со важност до летото 2030 година.

Досега Олмо настапуваше за Лајпциг. Според пишувањата на медиумите, германскиот клуб ќе добие 55 милиони евра за Шпанецот плус седум милиони дополнителни бонуси.

Минатата Олмо на 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања постигна осум гола и направи три асистенции.

На Евро 2024 постигна три гола и имаше две асистенции на шест натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан