• четврток, 04 декември 2025

Барселона би можела да ја зголеми платата на Де Јонг на девет милиони евра годишно

Барселона би можела да ја зголеми платата на Де Јонг на девет милиони евра годишно

Барселона, 21 август 2025 (МИА) - Барселона ги разработува деталите за нов договор со играчот од средниот ред Френки де Јонг, објавува „Ел Чирингито“.

Дваесет и соумгодишниот Холанѓанец ќе заработува околу девет милиони евра нето годишно според новиот договор. Тој ќе биде со важност до летото 2028 година со можност за продолжување за уште една година.

Де Јонг го промени својот агент претходно оваа недела. Новиот претставник се сретна со раководството на Барселона за да разговара за деталите од договорот.

Сегашниот договор на Де Јонг важи до 30 јуни 2026 година.

Во сезоната 2024/25, играчот од средниот ред постигна два гола и две асистенции во 46 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан