• петок, 22 ноември 2024

Барди: Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија

Барди: Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија

Анталија, 21 март 2024 (МИА) - Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди на прес-конференцијата пред утрешниот меч против Молдавија кој се игра на стадионот „Мардан“ во Анталија во 15:30 часот, изјави дека натпреварувачката форма е на наша страна. 

-Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не чека од септември. Овие два натпревари ни се тест, да видиме до каде сме, за да ги поправиме грешките од некои претходни средби, порача Барди.

Додаде дека играчите се подготвени за секоја улога што ќе има ја даде селекторот Милевски. 

-Свесни сме дека по долго време се собравме пак, гледам дека соиграчите едвај чекаа да се сме заедно. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да даваме што е можно подобри перформанси. Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕП, може многу да ни помогне за Лигата на нациите. Анализиравме и се подготвивме за Молдавците. Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија, изјави сигурно Барди. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан