• четврток, 21 ноември 2024

Барбадос ја отвора првата дигитална амбасада заснована на блокчејн

Барбадос ја отвора првата дигитална амбасада заснована на блокчејн
Мајами, 16 ноември 2021 (МИА) - Малиот карипски остров Барбадос го прошири својот дипломатски виртуелен простор, откако како прва суверена земја во светот потпиша договор за основање дигитална амбасада со платформа заснована на блокчејн-технологија. Владата на Барбадос во неделата официјално го потпиша договор за виртуелната амбасада во Децентраленд - дигитална средина заснована на „Етерум“ (Ethereum), објави „Коиндеск“, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на земјата. Островот не планира да застане тука. Се работи и на слични договори со голем број други платформи за виртуелна реалност, вклучувајќи ги „Сомниум спејс“ (Somnium Space) и „Суперворлд“ (SuperWorld), соопштија од Министерството. Кога претставниците на Барбадос првпат ја одобрија „метаверзум“-амбасадата во август, владата го опиша проектот како облик на „технолошка дипломатија“, отворајќи ја вратата за натамошна културна размена со други држави.  си/

Остани поврзан