• недела, 22 декември 2024

Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година

Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година

Базел, 30 авгyст 2024 (МИА) - Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи следната година во Базел - град во Швајцарија што е блиску до границата со Германија и Франција, одлучија во петокот организаторите - Швајцарската радиодифузна корпорација (СРГ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Градот ја победи Женева како домаќин на популарниот музички натпревар, а се пријави со мотото „Надминување на границите“.

Германскиот пограничен регион, исто така, планира да има корист од популарниот натпревар во пеење - и градоначалникот на градот Лорах, што се наоѓа на помалку од 10 километри од Базел, ревносно се залагаше градот победник да биде избран наместо Женева.

Во Базел цените на хотелите веќе растат на неколку стотици евра од ноќ - и тоа уште пред објавувањето на победникот.  си/сд/

Фото: Евровизија

Остани поврзан