• понеделник, 23 декември 2024

Базар на вино и ракија и други настани за „Свети Трифун“ во Кавадарци 

Базар на вино и ракија и други настани за „Свети Трифун“ во Кавадарци 

Кавадарци, 11 февруари 2024 (МИА) - Базар на вино и ракија, промоција и дегустација на вино и многу други настани се дел од неколкудневната програма, што во чест на заштитникот на лозарите и винарите, верскиот празник „Свети Трифун“, ќе се реализира во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, информираа за агендата за одбележување на празникот, кога традиционално, симболично се закројуваат виновите лози. 

- На програмата се изложби, поетско читање, промоција на книга, музика и фолклорен фестивал. Општина Кавадарци и оваа година со пригодна програмa во соработка со културните институции, го одбележува празникот во деновите од 12 до 15 февруари, а централниот настан е на 14 февруари, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму најавија и други интересни содржини на денот на виното, чувар на лозјата и заштитник на лозарите.

Според финансискиот извештај,  организирањето на манифестацијата, чини околу 390 илјади денари. свд/аа/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан