• понеделник, 29 април 2024

Баер ја продолжи серијата без пораз постигнувајќи гол против Борусија во 97. минута

Баер ја продолжи серијата без пораз постигнувајќи гол против Борусија во 97. минута

Дортмунд, 21 април 2024 (МИА) – Тимот на Баер Леверкузен во последен момент го избегна првиот пораз сезонава.

Избраниците на Чаби Алонсо вечерва ремизираа со Борусија Дортмунд (1:1) во 30. коло од Бундеслигата,иако имаа негатива до дополнителната 7. минута.

Леверкузен, кој веќе го обезбеди шампионскиот трофеј во Бундеслигата минатиот викенд, ја продолжи серијата без пораз на 45 натпревари во сите натпреварувања. Имаат 38 победи и седум нерешени.

На 27 април Баер Леверкузен ќе се сретне со Штутгарт. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан