• вторник, 10 септември 2024

Баерн со појаснување за информациите за трансферот на Сане

Баерн со појаснување за информациите за трансферот на Сане
Минхен, 1 јули 2020 (МИА) - Спортскиот директор на Баерн (Минхен), Хасан Салихамиџиќ ги негираше информациите на „Билд“ дека е договорен трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити, но призна дека преговорите се во тек. - Имаме плодни разговори со претставниците на Сане и Сити. Но, ние мора да бидеме трпеливи, во моментов нема што друго да кажам, изјави Салихамиџиќ за официјалната веб-страница на Баварците. Се очекува Баерн да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра. Минхен е подготвен драстично да ја зголеми платата на крилниот напаѓач. Менаџерот на граѓаните, пеп Гвардиола веќе призна дека Сане одбивал повторно да потпише со „небесносините“.

Тагови

Остани поврзан