У21: Македонските фудбалери го совладаа Гибралтар
- Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја оправда фаворитската улога на гостувањетво во Гибралтар, триумфирајќи со2-0 (2-0) во рамки на евроквалификациите.
Гибралтар, 9 септември 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја оправда фаворитската улога на гостувањетво во Гибралтар, триумфирајќи со2-0 (2-0) во рамки на евроквалификациите.
Победата на македонската репрезентација ѝ ја донесоа Крстевски (24 минута) и Адеми (42).
За избраниците на селекторот Драган Канатларовски ова е трета победа во осмиот натпревар по кој остана на претпоследното место во групата Ц во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
До крајот на евроквалификациите македонските фудбалери ги очекуваат уште два дуели во октомври, на домашен терен против Молдавија и гостување во Грузија. ег ФОТО: ФФМ