Баерн пронајде замена за Даер во Португалија
- Раководството на Баерн Минхен покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Усман Диоманде, тврди „Билд“.
![Баерн пронајде замена за Даер во Португалија](https://mia.mk/images/20250214125023_big_730x400_74.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Раководството на Баерн Минхен покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Усман Диоманде, тврди „Билд“.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберле, беше во главниот град на Португалија за во живо да ги следи настапите на 21-годишниот репрезентативец од Брегот на Слоновата Коска.
На „Алијанц Арена“ сакаат на лето да привлечат нов дефанзивец кој ќе го замени Ерик Даер. Договорот на Англичанецот истекува и нема да биде обновен.
Цената на Диоманде е околу 60 милиони. евра, а за него е заинтересиран и Челси.
Дефанзивецот е играч на „лавовите“ од почетокот на 2023 година, кога потпиша од данскиот Митјиланд.
Досега за португалскиот шампион одигра 87 натпревари и постигна пет гола. дс
Фото: Принтскрин