• сабота, 27 април 2024

Баерн нуди 100 милиони евра за ѕвезда во Барса

Баерн нуди 100 милиони евра за ѕвезда во Барса

Минхен, 26 март 2024 (МИА) - Германскиот гигант Баерн Минхен има многу сериозен интерес за централниот дефанзивец на Барселона Роналд Араухо и е подготвен да направи потег за да го привлече на лето, пишува весникот „Марка“.

Баварците имаат проблеми во одбраната и се подготвени да извадат 100 милиони евра за членот на репрезентацијата на Уругвај. Баерн преку посредници ја известил Барселона за нивниот интерес и е подготвен да дејствува.

Барселона засега нема намера да се раздели со еден од најсестраните фудбалери. Каталонците дури му предложија нов договор на Араухо до 2029 година, но тој не одговори на понудата. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан