• среда, 15 мај 2024

Баерн во Лондон ќе одигра пријателски натпревар со Тотенхем

Баерн во Лондон ќе одигра пријателски натпревар со Тотенхем

Лондон, 27 март 2024 (МИА) – Актуелниот шампион во германската Бундеслига, Баерн Минхен, закажа пријателски натпревар против Тотенхем. Средбата ќе се одржи на 10 август во Лондон. 

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн и дефанзивецот Ерик Даер за првпат ќе играат против својот поранешен клуб.

Баерн и Тотенхем последен пат играа во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Германскиот клуб ги доби двата меча (7:2, 3:1).

Еден од најдобрите голгетери на светот, Хари Кејн играше за Тотенхем од 2011 до 2023 година, по што се пресели во Баерн. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан