• сабота, 22 февруари 2025

Баерн без повредениот Кејн претстојниот бундеслигашки викенд

Баерн без повредениот Кејн претстојниот бундеслигашки викенд


Минхен, 19 февруари 2025 (МИА) – Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе пропушти неколкудневни тренинзи откако се здоби со полесна повреда на потколеницата, објави денеска бундеслигашот.
Кејн се здоби со повреда која доведе до внатрешно крвавење пред дуелот од Лигата на шампионите во вторникот против Селтик (1-1).
„Не сум сигурен дали ќе можам да играм против Ајнтрахт Франкфурт во недела“, изјави Кејн, додавајќи оти претрпел и мала повреда на вилицата при судар со противнички играч во ремито против Баер Леверкузен минатиот викенд.
Баерн се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите и води во германското првенство со осум бодови предност пред второпласираниот Баер Леверкузен. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан