• петок, 22 ноември 2024

Ашковски поради повреда нема да настапи на натпреварите во Анталија

Ашковски поради повреда нема да настапи на натпреварите во Анталија

Анталија, 21 март 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски поради повреда на левиот скочен зглоб не е во можност да конкурира за настап на претстојните два натпревари на А репрезентацијата против Молдавија и Црна Гора. 

- Ашковски веќе три недели го мачи повредата на скочниот зглоб. Во деновите минати со репрезентација во Анталија, беше на физикална терапија, но тој процес на закрепнување се покажа дека не е доволен за да може да конкурира за настап на 22 март против Молдавија и три дена подоцна против Црна Гора, објави Фудбалската федерација на Македонија.

Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан